hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров и Барса денес ја освојуваат ASOBAL лигата

11130277 10153256897489600 5772670007907048068 n1

По победата во Загреб во Лигата на шампионите, ракометарите на Барселона останаа во Загреб и вчера отпатуваа за Ваљадолид каде го одржаа и последниот тренинг пред денешниот меч со Сегурос Замора. Со оглед на 10 бода предност во пресрет на последните 6 кола, ако Барса го совлада новиот ASOBAL лигаш и математички ќе ја одбрани титулата.

На овој меч Пасквал нема да може да смета на голманот Даниел Шариќ, кој по мечот со ППД Загреб почувствува болки во ногата и ќе биде поштеден на оваа средба. Тоа ќе биде 22 титула во најсилната шпанска категорија за Барселона, петта по ред. Нашиот Лазаров по минатогодишната, ќе ја освои својата втора титула национален првак во Шпанија.

Share