hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Карабатиќ: „Загреб е одличен тим, се подготвувавме 10 дена и одигравме како што треба„

karabatic zagreb barcelona hina

Искусниот тим на Барселона си ја заврши работата во Загреб и ја забележа 11 победа од 13 натпревари во најсилниот европски Куп оваа сезона. Играчот на натпреварот Никола Карабатиќ ја пофали атмосферата, противникот и Веселин Вујовиќ за добриот натпревар и сезона:

"Страшна атмосфера, па секогаш е чест да се вратам во Хрватска и да играм тука. Не сум бил од 2009 година и финалето на Светското првенство. Тогаш беше блескава атмосфера, а мислам дека и ваков натпревар од Лигата на шампионите може да се види само во Хрватска. Убаво беше да се види како публиката ја бодри и штити својата екипа во натпреварот. Ова е тимот кој ги победи Кил и ПСЖ. Ние десет дена се подготвуваме за овој натпревар. Игравме добра одбрана и работевме напорно во нападот. На крајот можеше да заврши нерешено, но ете победивме. Загреб е млад тим, но имаат неколку искусни ракометари. Сите се хрвати, освен Челица кој е од Босна и Херцеговина. Тоа е единствен таков тим, кој е меѓу најдобрите осум. Честитки за ППД Загреб и Вујо, кој одлично ја постави екипата. Тие немаат што да загубат во Барселона. Ќе се играат без притисок, сигурен сум дека тоа може да биде опасно" истакна Никола Карабатиќ. Французинот со 6 гола, некои од нив во клучната фаза, беше прво име на средбата и уште еднаш потврди дека се наоѓа во голема форма.

Share