hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ВИДЕО: Легендата Дејан Периќ пристигна и веднаш се фати за работа

20150624 181442

Најдобриот голман на сите времиња, како што го претставија тренерите во школата на Кирил Лазаров, српскиот легендарен голман Дејан Периќ попладнево пристигна во спортскиот комплекс „Аквалина„ во Охрид. Сегашниот селектор на Србија многу работи го врзуваат за Македонија и затоа неколку дена ќе мине како гостин на кампот и ќе ги вреже своите тајни до најмладите. Се очекува посебно внимание да посвети на голманите, кои ги има во голем број меѓу пријавените.

20150624 181033

44 годишниот голман роден во Бечеј, во својата богата кариера настапуваше за Динамо Панчево, Црвена Звезда, Пелистер, Атлетико Мадрид, Теукро, Понтеведра, Барселона, Цеље Пивоварна Лашко и Веспрем, каде настапуваше заедно со Кирил Лазаров. Периќ освои бронза на мундијалот во 1999 година во Египет и на европското првенство во Шпанија во 1998 година со селекцијата на Југославија. Српската репрезентација ја превзеде по смената на Матиќ, чиј помошник беше на европското првенство во Данска во 2012 година. Тој е еден од нашите риваликако селектор на нашиот северен сосед на европското првенство во Полска идната година. Периќ беше магнет за присутните на кампот и за гледачите и се очекува така да биде и утре.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share