hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Периќ: „Кире е комплетна личност, Пелистер беше пресвртница во кариерата, ќе биде интересно во Полска„

20150624 181041

Да немаше обврски со српската младинска репрезентација и да не брзаше наседницата на управниот одбор на РФМ, селектор на српскиот национален тим Дејан Периќ, веројатно ќе останеше уште долго во Охрид. Дури и падна мрак синоќа, а Периќ го продолжи тренингот и работеше со учесниците на кампот на терените на „Аквалина„. Тој беше видно среќен што повторно доаѓа во Македонија и што се гледа со старите пријатели.

„Македонија секогаш ќе остане во моето срце. Таа една сезона во Пелистер беше пресвртница во мојата кариера и секогаш ќе бидам благодарен што настапував за тој голем клуб. Со Кире се знаеме одамна и нема ништо ново да откријам, ако кажам дека е комплетна личност. За оние кои не го знаат ќе кажам дека е подобра личност, од ракометар, а знаете за каков ракометар се работи. Овој камп е потврда за неговата големина. Гледам многу таленти, добра организација, стручна работа„ констатираше Периќ. Тој се осврна и на европското првенство, каде Македонија и Србија ќе играат во иста група. „Судбината сакаше да бидеме во иста група. Нема да биде воопшто едноставно, но јас верувам дека ако не победите, ние први ќе подадеме рака, а и ако биде обратно, џентлменски ќе ни честитате„ рече Периќ.

Голем број негови пријатели, бивши соиграчи дојдоа да го следат неговиот тренинг и да се поздрават со живата легенда на голманската позиција во ракометнатаигра.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share