Дејан Манасков: „Капитенот со кампот направи голема работа„

Репрезентативното трио Стоилов - Ристовски - Манасков денес беа гости на кампот „Кирил Лазаров 7„ и заеднички или одделно работеа со најмалата возрасна категорија, со девојчињата и со повозрасните момчиња. Новиот ракометар на Вардар, Дејан Манасков кој потекнува од спортско семејство, знае што значи за младите таленти, присуството на нивните идоли и работатасо поискусните:
„Капитенот направи голема работа со организацијата на ваков камп, со професионалната работа, стручниот тим и со сите детали околу кампот. Мислам дека неговиот пример треба да го следат и останатите наши ракометари, клубови и ракометот да расте во нашата земја и да покажеме дека сме спортска нација. За едно дете значи многу кога некого гледаш на телевизија, па веднаш потоа можеш да научиш нешто од него. Прво како дружење, потоа да научат нешто од ракометните тајни. И јас бев дете и знам што значи кога некого кого го гледаш на телевизија потоа може да ти покаже нешто од неговото знаење„ вели Дејан Манасков. До крајот на кампот тој ќе се врати за уште еден ден да посвети на учесниците на кампот ида открие дел од тајните кои го доведоа до Бундеслигата и до нашата најдобра репрезентација.




