hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Мукаетов: „Кампот е најдобра инвестиција и ние секогаш ќе го подржуваме„

20150625 103841

Претседателот на РФМ, Живко Муакетов и генералниот секретар Филип Милошевски утрово го посетија кампот „Кирил Лазаров 7„ и го искажаа своето задоволство од начинот на кој агенцијата КМГ и Кирил Лазаров го подготвиле и организирале целиот настан. Во година на еуфорија на македонскиот клубски и репрезентативен ракомет, следниот чекор е кампот на нашиот репрезентативен капитен, кој од стартот покажува професионалност.

„Задоволен сум од она што го гледам и посебно сакам да истакнам дека ракометарите и Кире во овој случај, одвојуваат дел од своето слободно време за да се посветат на младите, да им понудат максимални услови, стручна помош и се што им треба да напредуваат како ракометари. Ние како федерација секогаш ќе го подржуваме овој проект и проекти од овојтип. Веќе сме озбилна репрезентација и федерација и многу се одликуваат нанас. Затоа вакви проекти треба да има повеќе и уште еднаш да покажеме дека сме ракометна нација„ заклучи Мукаетов.

20150625 103642

Претседателот имаше можност да ги погледне тренинзите на Данило Брестовац и Зоран Петковски, да поразговара поединечно со учесниците на кампот, со Кире и организатирите и со медиумите. По остварените цели во сезоната 2014/15, македонскиот машки ракомет издвојува голема победа и со масовноста и со организацијата направи голем чекор напред кон создавање на својата иднина.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share