ФОТО: Ангеловски и Петрески во посета на кампот

Бранислав Ангеловски кој пред неколку недели се врати од Романија, каде ја заврши сезоната со Констанца и Томче Петрески кон стана шампион и го освои Купот со косовската екипа Беса Фамилија, денес пристигнаа во Охрид иго посетија кампот на Кирил Лазаров. Ангеловски дојде и како родител, бидејќи неговиот син Евгениј е учесник на кампот и едвај чекаше денес да тренира со Тимур Дибиров.
Кампот е магнет за сите ракометни луѓе од земјата и многу големи имиња на овој спорт во нашата земја, со своето присуство го одобруваат и подржуваат проектот на Кирил Лазаров и КМГ агенцијата. Исто така секојдневно доаѓаат љубопитни туристи или охриѓани кои ги следат тренинзите, се фотографираат и бараат автограм од ракометните звезди. Деновиве во Охрид како да се одржува еден голем ракометен хепенинг.




