Петковски: „Кампот ќе донесе квалитет, треба да ги вратиме заборавените центри во земјата„

Бившиот репрезентативен голман Зоран Петковски е тренер на младинската екипа на Вардар и со години работи со младите категории. Со големото искуство кое го има е компетентен да го оцени кампот и нејзината идеа.
„Сакам да му се заблагодарам на Кире што ме повика да бидам дел од овој камп и пред се на мојот клуб Вардар кој ме ослободи од професионалните обврски. Еве цела една недела работиме и гледаме дека постои ентузијазам кај момците за работа. Ова е само прв чекор, кампот е полн погодок.

Треба полека да ги вратиме центрите кои беа водечки во нашиот ракомет во последните 10-20 години. Преку оваа масовност ќе излезе квалитет и тогаш не треба да се грижиме за иднината на македонскиот ракомет„ потенцирашеЗоран Петковски. Тој заедно со Филип Лазаров имаат на располагање една одлична генерација на момчиња која напорно работи и ги слуша советите на своите тренери.




