hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса ги започна подготовките, Лазаров веднаш се фати за работа

ire trening tegovi

Првакот на Шпанија Барселона утрово ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона 2016/17, во која ке ги брани сите домашни титули, а ќе се обиде да ја врати и европската, која минатата сезона ја освои Киелце.

Утрово со работа до теретана и веднаш потоа во „Палау Блауграна" Каталонците под водство на Хавиер Пасквал почнаа со подготовка за сезоната долга девет месеци. За првпат во големиот каталонски гигант ќе играат двајца Македонци, па покрај Кирил Лазаров, со новите соиграчи работеше и Борко Ристовски.

Лазаров веднаш се фати за теговите и напорно работеше во теретана, а Борко се подготвува за прес-конференцијата на која заедно со Ривера и Саубич ќе биде преставен како ракометар на Барселона.

Екипата ќе се комплетира дури по Олимписките игри, кога и заедно ќе мине седумдневни подготовки на Андора.

Share