
Шпанскиот шампион Барселона денес ги доби противниците за групната фаза на новата сезона на Лигата на шампионите. Каталонците се дел од групата А заедно со Веспрем. ПСЖ, Силкеборг, Висла Плок, Фленсбург, Шафхуазен и Кил. Оваа група дефинитивно е најсилната во натпреварувањето, но нуди можност за реванш за елиминацијата од Кил минатата сезона.
Најдобрите четири од оваа група ќе се квалофикуваат во осминафиналето, со тоа што првопласираната екипа во групата нема да игра осминафинале, туку директно во четвртфиналето.
Титулата ја брани Киелце, а повторно завршниот „фајнал-фор" ќе се одржи во „Ланксес арената" во Келн.