Лазаров: Четвртфиналните 60 минути се најважни на Олимпијадата

Македонија за малку не успеа да се квалификува за Олимоиските игри во Рио Де Жанеиро. Капитенот на нашата селекција Кирил Лазаров сепак го даде своето мислење за специјализираниот ракометен портал „Balkan-handball" воочи ракометниот турнир.
„Олимписките игри се специфично натпреварување. Во предност се селекциите кои имаат искуство од големите натпреварувања, исто така и селекторите. Ќе одлучи еден ден, четвртфиналните 60 минути се најважни. Групната фаза е важна, но нокаут фазата и темпирањето на формата се најважни. Франција е Франција, но очекувам Данците и Германците да им прават многу проблеми. Ги ценам Хрватите и Словенците, но што се однесува до Олимписките игри, Хрватите се нешто понапред од Словенците. Во такви мечеви можат секого да победат, а тука клучна улога играат тренерите Бабиќ и Вујовиќ. Иновациите во ракометот се важни, зависиме многу од судиите и нивните одлуки. Треба да се работи на нивните, инаку нашиот спорт ќе загуби на убавина", рече Лазаров за „Balkan-handball".
Машкиот олимписки турнир започна денес, а титулата ја брани Франција која пред четири години во Лондон го освои златото на доминантен начин.




