hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Саубич се враќа од отстапка и ќе го носи дресот на Барса

saubic1

Брзото крило Јоан Саубич ќе го носи дресот на Барселона в следните две сезони. Ракометарот се врати по едма сезона на отстапка во Франција, каде во дресот на Пеи де Аикс постигна 77 гола на 20 одиграни натпревари.

Саубич е производ на школата на Барселона и дебитираше за сениорската екипа во сезоната 2007/08. Освен за матичниот клуб и во Франција, настапуваше и во Натурхаус Ла Роха. Саубич во сезоната 2014/15 беше дел од екипата која освои седум титули во сите натпреварувања.

Саубич ќе ја дели соблекувалната со Кирил Лазаров и Борко Ристовски, кои на почетокот од август ќе ги започнат подготовките за новата сезона.

Share