Барса - Гранољерс во првото коло на ASOBAL лигата

Кирил Лазаров и Борко Ристовски новата сезона на шпанската ASOBAL лига ќе ја почнат на 10 септември. По ждепката која вчера беше извршена во просториите на шпанската лига, прв ривал на Каталонците ќе биде каталонскиот конкурент Гранољерс.
Ждрепката сакаше големите ривали да се сретнат уште во првото коло, а Барса ќе биде домаќин во „Палау Блауграна". Веднаш потоа македонските репрезентативци имаат две гостувања во предградието на Мадрид, Гвадалахара и во Логроњес против Натурхаус Ла Роха.
Есенскиот дел на шампионатот на Шпанија завршува на 7 декември, а продолжува во февруари веднаш по Мундијалот во Франција. ASOBAL лигата завршува на 17 мај 2017 година.
Интересно е што Барса и Гранољерс претходно многу веројатно ќе се сретнат во финалето на Каталонскиот Суперкуп и ASOBAL Суперкупот.




