hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Французинот Мем е нов соиграч на Лазаров и Ристовски во Барса

mem

Продолжува процесот на реновирање на шпанскиот шампион Барселона. Екипата на нашиот репрезентативен капитен Кирил Лазаров и на Борко Ристовски доведе уште еден перспективен ракометар. Французинот Дика Мем, кој во минатото настапуваше за францускиот клуб кој испадна од елитата, Трембле потпиша шестгодишен договор со Барселона.

Мем има 19 години, игра за младинската репрезентација на Франција, која водена од Дидие Динар минатата година стана светски првак. Минатата сезона во француската лига Мем постигна 93 гола на 25 натпревари. Тој е шести Французин во историјата на Барселона и доаѓа заедно со сонародникот Н'гесан, кој од Шамбери пред неколку месеци мина во ASOBAL шампионот.

Share