Лазаров доби ден одмор, Нант го прегази Лимож
![]()
Нант - Лимож 39:22 (18:12)
Екипата на Нант во фантастична форма ја завршува сезоната во францускиот и европскиот ракомет. По пласманот на завршниот турнир на Лигата на шампионите, екипата на Алберто Ентрериос реди победи и во домашниот шампионат, па со сигурност оваа сезона ќе биде една од најуспешните за оваа екипа. Попладнево полуфиналистот во Лигата на шампионите го совлада Лимож со 39:22 и потврди дека сака со стил да го заврши и домашното првенство.
Две француски и по една шпанска и данска екипа ја чекаат полуфиналната ждрепка
![]()
Најдобриот македонски ракометар на сите времиња Кирил Лазаров и француски Нант го заверија пласманот на Ф4-турнирот од Лигата на шампионите откако го преживеаја пеколот во Унгарија, елиминирајќи го во четвртфиналето Веспрем.
Рекордите на Лазаров недостижни: Седми „фајнал-фор“ и деветто полуфинале на ЛШ
![]()
Нема зборови со кои може да се опише легендата на Кирил Лазаров во Лигата на шампионите. Рекордерот по број на голови во најелитното натпреварување во Европа, по седми пат ќе игра на завршниот турнир во Келн, а деветти пат избори полуфинале на Лигата на шампионите
Нант „преживеа“ во Веспрем и се избори за место на Ф4 во Келн
![]()
Веспрем - Нант 32:30 (18:15)
Кирил Лазаров од вечерва е светски уникат. Иако неговиот Нант загуби од Веспрем со 32:30, се избори за пласман на завршниот турнир на Лигата на шампионите и по седми пат ќе игра во „Ланксес Арена" за европска титула. Францускиот тим го загуби реваншот кај Веспрем во Унгарија (32:30), но благодарение на домашната победа од 32:28, по пауза од две сезони повторно ќе игра на една завршница на ракометната елита.
Лазаров номиниран за место во идеалниот тим на сезоната во ЛШ
![]()
Капитенот и селектор на македонската ракометна репрезентација, десниот бек на француски Нант, Кирил Лазаров, влезе во поширокиот избор на Европската ракометна федерација (ЕХФ) за олстар-тимот на сезоната во Лигата на шампионите (ЛШ). На секоја позиција ЕХФ номинира по шест ракометари, а ќе може да се гласа само за еден.
Нант во позитивна серија, победен Истр за шеста радост по ред
![]()
Истр - Нант 26:33 (12:13)
Четвртфиналистот на Лигата на шампионите, француски Нант ја продолжи победничката серија во домашното првенство, откако попладнево го совлада Истр со 26:33 (12:13) за шести триумф по ред во натпревар за бодови. Аутсајдерот Истр одигра солидни 30 минути, во кои не се предаваше против Нант и на полувремето замина со 12:13, но во вториот дел ситуацијата драстично се промени.
Нант му одржа лекција на Веспрем и со +4 ќе патува на реваншот во Унгарија
![]()
Нант - Веспрем 32:28 (16:12
Второто учество за Нант вжна завршниот турнир на Лигата на шампионите не е невозможна мисија. Ракометарите на францускиот претставник забележаа голема победа против Веспрем со 32:28 и стекнаа добра залиха за реваншот следниот четврток во Унгарија.
Нант го збриша и Шамбери и спремен го чека двомечот против Веспрем
![]()
Ракометарите на Нант ја продолжија серијата на победа во најбитниот дел на сезоната и во очекување на четвртфиналето на Лигата на шампионите против Веспрем, покажаа дека се во потребен натпреварувачки ритам. Екипата на Кирил Лазаров авторитетно стигна до победа против Шамбери со 30:24 и продолжи да се искачува кон врвот на табелата во француската елита.
Македонија дебитира на ЕП 2022 против Словенија
![]()
Селекциите на Данска, Словенија и Црна Гора се ривалите на Македонија на следното Европско првенство кое на почетокот на 2022 година ќе се игра во Унгарија и Словачка. Компјутерот ги исфрли паровите за трите кола, а саатницата дополнително ќе биде одредена.
Лазаров: Одиме по потешкиот пат, но нема изговори!
![]()
Македонија за противници ги доби Данска, Словенија и Црна Гора во групната фаза на Европското првенство, но селекторот Кирил Лазаров уште еднаш покажа максимална лидерска способност, ставајќи до знаење дека не смееме да се плашиме од ривалите.




