Лимож го изненанади Нант и му го нанесе првиот домашен пораз сезонава
![]()
Нант - Лимож 27:29 (13:14)
Непредвидливоста на францускиот шампионат може да се забележи секое коло, па не може лесно да се предвидат конечните резултати. Во рамките на шестото коло на шампионатот на земјата олимписки првак, Лимож го изненади Нант, победувајќи го на гостински терен со 27:29. Ова е втор пораз за екипата на Алберто Ентрериос во натпревар за бодови, по оној во Рен минатиот месец.
Супер-финиш на Нант, совладан Истр за четвртфинале на Лига Купот
![]()
Истр - Нант 27:33 (16:18)
Нант ја прескокна првата пречка во Лига Купот на Франција и в петок ќе го дознае противникот во четвртфиналето. Фаворитот издвојува тешка победа од 27:33 во Истр, откако во вториот дел го скрши отпорот на ривалот. Екипите се менуваа во водството без поголема предност од два гола на едната или другата страна во текот на целото прво полувреме. На полувреме Нант замина со предност од 16:18, но уште сите „карти беа отворени".
Нант ќе ја отвори Лига Европа во Финска, последниот натпревар во Лисабон
![]()
Европската ракометна федерација го официјализира календарот за второто издание на ЕХФ Лига Европа. Во рамките на групата Б, која е една од најсилните, Нант и на почетокот и на крајот на групата гостува. Отвора во Финска, а затвора во Лисабон.
Лудо реми на Екс Прованс и Нант во француското дерби
![]()
Екс Прованс - Нант 27:27 (12:11)
Дерби натпреварите во француското првенство ги има секоја недела и носат неверојатна драма. Неколку дена по победата над Монпелје, Нант ремизираше против Екс Прованс, исто така француски претставник во групната фаза на ЕХФ Лига Европа.
Кирил Лазаров се стекна со највисоката тренерска лиценца на ЕХФ
![]()
Капитенот и селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров од денес е сопственик на највисоката тренерска диплома на ЕХФ, Мастер-коуч. Лазаров го положи последниот тест на кој ја анализираше темата „Репрезентација на Шпанија на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка 2020 година - освојувач на златен медал (структура на тимот, применета стратегија и оцена на играчи)".
Нант во група со Бенфика, ГОГ Гудме, Чеховски Медведи во Лига Европа
![]()
Денес беше извршена ждрепката за ЕХФ Европската лига, во која настапува француцки Нант на Кирил Лазаров. Како еден од фаворитите тимот на Ентрериос беше носител и доби ривали по мерка. Нант е во група со прваците на Финска и Русија, како и Лемго, ГОГ Гудме и Бенфика. Четири од шест екипи ќе се пласираат во нокаут фазата.
Нант го декласира Монпелје во најдобриот натпревар сезонава
![]()
Нант - Монпелје 34:28 (20:11)
Нант влезе во победнички ритам и успеа да го остави зад себе поразот во Рен во првото коло на францускиот шампионат. Во дуелот кој требаше да биде дерби, Монпелје падна во Нант и тоа на полесен начин од предвиденото. Дуелот кој се одигра во прекрасен амбиент заврши со победа на домашните ракометари со 34:28 (20:11). Разликата во квалитет беше евидентна, иако Монпелје оваа година се врати во Лигата на шампионите.
Нант победнички мина низ Данкерк, Лазаров автор на три гола
![]()
Данкерк - Нант 21:25 (13:9)
Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров го поведе Нант до првата победа во новиот шампионат на Франција во ракомет. По неочекуваниот пораз од Сесон Рен во првото коло, полуфиналистот на Лигата на шампионите го совлада Данкерк со 21:25 и се врати во нормален победнички колосек, каков што беше цело лето.
Три големи имиња ја почнаа последната сезона во францускиот шампионат
![]()
Овој викенд започна францускиот ракометен шампионат, никогаш посилен и покомпетитивен. Трката за титулата на ПСЖ започна од првото коло, а ова првенство е специфично по уште една работа,
Нант поразен по голема драма на гостувањето во Рен
![]()
Сесон Рен - Нант 29:27 (13:15)
Иако имаа перфектен подготвителен период и ги победија сите натпревари, ракометарите на Нант со пораз го отвори новото француско првенство. Веројатно во најквалитетното и највозбудливо натпреварување во земјата олимписки победник, можно ќе биде секој секого да победи, а демонстрација за тоа е поразот на Нант на теренот на Сесон Рен со 29:27 (13:15).




