hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Подвиг на Нант, совладан ПСЖ среде Париз во француската лига

лазаров со псж

ПСЖ - Нант 24:25 (12:13)

Во спортот нема непобедливи, па така по три години и Нант го совлада ПСЖ во француското првенство и тоа на гостински терен. „Светците" на Раул го претрпеа првиот пораз оваа сезона, а екипата на Кирил Лазаров имаше одличен тест пред ЕХФ неделата и најавата за четвртфиналето на Лигата на шампионите против Веспрем.

Повеќе...

Лазаров го скрати списокот за дуелите со Финска и Швајцарија

mkd reprezentacija

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објавi списокoт на повикани ракометари за претстојните квалификациски натпревари со репрезентациите на Финска и Швајцарија за Европското првенство во 2022 година. Во рамките на ЕХФ неделата сениорите ќе ги одиграат двата последни натпревари од квалификациската група за пласман во Унгарија и Словачка.

Повеќе...

Перфектно второ полувреме, Нант триумфално се враќа од Сант Рафаел

kire st raphael

Сант Рафаел - Нант 26:28 (13:10)

Нант запиша нова победа во националниот шампионат на Франција, откако во заостанатиот натпревар од деветтото коло славеше на гостувањето кај Сант Рафаел со 26:28 (10:13). Реакцијата во вториот дел им донесе значајни бодови во битката за место во Лигата на шампионите на момците на Алберто Ентрериос, кои добро ја темпираат формата за дуелите со Веспрем во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Повеќе...

Лазаров го објави поширокиот список за натпреварите со Финска и Швајцарија

kire selektor

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари со репрезентациите на Финска и Швајцарија за пласман на Европското првенство.

Повеќе...

Нант се „распука“ и до врв ја наполни мрежата на Данкерк

lazarov nant startligyue

Нант - Данкерк 43:28 (22:15)

По драматичниот пораз на гостувањето во Ним, екипата на Нант славеше убедлива победа против Данкерк со 43:28 (22:15) во рамките од 23. коло од шампионатот на Франција. Со сериозен пристап и моќен прв дел, кој заврши со предност од седум гола, Нант го трасираше патот до нов триумф.

Повеќе...

Нант со звукот на сирената го загуби дербито во Ним

nim - nant

Ним - Нант 33:32 (16:18)

Во натпревар во кој повторно решаваа нијанси во последната минута. Нант загуби на гостувањето во Ним и застана во обидот да напредува кон врвот на табелата. Дуелот беше неверојатно интензивен, а го реши ветеранот Гигу со гол во последните мигови.

Повеќе...

Луда последна минута, Нант пораз претвори во реми

nant - tuluz1

Тулуз - Нант 29:29 (13:14)

Неверојатната недела за Нант е заокружена со реми во домашниот шампионат и тоа на незгодното гостување кај Тулуз. Освоениот бод добива на тежина, бидејќи на 60 секунди до крајот беше три гола предноста за домаќините, но Лазаров и другарите се вратија до нерешен резултат. Нант и нашиот Кирил Лазаров ремизираа на гостувањето кај Тулуз, иако пред крајот домашните водеа со 29:26. Четвртфиналистот на Лигата на шампионите се врати и со головите на Балагер, Брие и Ривера стигна до бод.

Повеќе...

Лазаров „диригираше“, Нант сензационално го исфрли Киелце од ЛШ

kielce - nant

Киелце - Нант 31:34 (13:15)

Францускиот претставник во Лигата на шампионите, Нант приреди големо изненадување и го елиминира првакот на Полска, Киелце. Екипата на Кирил Лазаров, и без неколку стандардно првотимци, славеше на гостински терен со 31:34 и по ремито на првиот натпревар во Франција, ќе игра четвртфинале против Веспрем или Вардар.

Повеќе...

РЕКОРД: Лазаров е ракометар со најголем број настапи во Лигата на шампионите

lazarov nant

Македонија од денес има рекордот во најквалитетното клупско натпреварување во ракомет. Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров на гостувањето во Киелце го одигра својот 250-ти натпревар во најсилното клупско натпреварување.

Повеќе...

Лазаров блескаше, но Нант во финишот загуби од Киелце

nant - kielce

Нант - Киелце 24:24 (14:12)

Ниту одлична партија на капитенот и селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, не му помогна на Нант да го избегне домашниот пораз од Киелце во првиот осминафинален натпревар на Лигата на шампионите.

Повеќе...