hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Пораз на македонската Б репрезентација на првиот тест во Ниш

21-3

Србија - Македонија 29:26 (18:15)

Ракометната репрезентација на Македонија загубо со 29:26 во првиот од двата контролни натпревари против селекцијата на Србија. Селекторот Кирил Лазаров на двомечот во Ниш замина со Б репрезентацијата, односно со ракометари кои не се стандардни првотимци и повика играчи кои настапуваат во Суперлигата. За истиот потег се одлучи и селекторот на Србија.

Натпреварот подобро го отвори селекцијата на Србија која поведе со 4:0, а потоа и со 8:2, но избаниците на Лазаров успеаја да се вратат во игра и да дојдат до минус два (11:9) и предноста до крајот на полувремето се движеше 2-3 гола. Токму со три гола негатива (18:15), Македонија замина на одморт.

Во второто полувреме, српските ракометари го контролираа резултатот направија предност од пет гола (24:19, 28:23) со што беа решени дилемите околу победникот. Цветан Кузманоски со седум голабеше најпрецизен со седум гола, Костевски и Јагуриновски дадоа по три, додека кај Србија со шест гола дебитираше пикерот на Нант и соиграч на Лазаров, Пешмалбек.

Двете репрезентации утре од 16:00 часот ќе одиграат уште еден натпревар.

Share