
Во центарот на вниманието на ракоматната јавност викендов ќе бидат натпреварите од завршницата во Лигата на шампионите во машка конкуренција.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) потврди дека 500 фанови ќе имаат можност да присуствуваат во „Ланксес Арена". Заради подобрената ситуација со коронавирусот во Германија, европската ракометна централа донесе ваква одлука. Бројката би можела да се зголеми на 1.000 навивачи. Но, за тоа да се случи, во наредните неколку дена ќе мора да има намалување на позитивните случаи на ковид-19.
На овој Ф4 турнир ќе играат Барселона против Нант, а ПСЖ против Алборг во полуфиналните натпревари.