hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Седми Ф4 и деветто полуфинале за Лазаров во Лигата на шампионите

lazarov F4

Започна ракометната треска и последниот голем настан за клупската сезона 2020/21. Кирил Лазаров со Нант минатиот месец приреди изненадување откако го елиминира Веспрем во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Францускиот тим загуби на реваншот во Унгарија со 32-30, но победата од четири гола на првиот меч беше доволна за конечна радост и место на „фајнал-фор" турнирот.

Повеќе...

Лекција од Нант за Монпелје, Лазаров ги „намести нишаните“ за Ф4 во Келн

lazarov vs monpelje

Нант - Монпелје 36:26 (21:11)

На една недела до почетокот на завршниот турнир на Лигата на шампионите, Нант е во одлична форма, а тоа на своја кожа го почувствува поранешниот двократен европски шампион, Монпелје. Во натпреварот од последното 30. коло од француското првенство, тимот на Кирил Лазаров убедливо го совлада составот на Монпелје со 36:26 (21:11).

Повеќе...

Лазаров: Не мислам на годините, туку на Македонија, Барса и Келн

kire intervju

Во некоја друга сезона, месец јуни веќе ќе беше месец за одмор на најдобрите светски ракометари, а сега оние кои се борат за европската титула, се подготвуваат за завршниот турнир во Келн.

Повеќе...

Лазаров: Ракометната селекција е наша најуспешна репрезентација!

кире на УО

На седницата на Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија, селекторот Кире Лазаров го поднесе својот извештај за периодот мината на клупата на машката репрезентација.

Повеќе...

Селекторот Лазаров го скрати списокот со двомечот против Србија во Ниш

lazarov izbor

Селекторот на сениорската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го скрати списокот на ракометари на Б репрезентација за пријателски натпревари со Србија закажани на 19 и 20 јуни. Повикани се ракометарите од домашните клубови.

Повеќе...

Рутинска победа над Шартр, одличен почеток на месец јуни за ракометарите на Нант

lazarov nant4

Нант - Шартр 33:28 (20:14)

По поразот од Сант Рафаел и заморото од силниот ритам, Нант полека влегува во посакуван ритам пред епицентарот на сезоната и натпреварите на завршниот турнир на Лигата на шампионите на 12 и 13 јуни во Келн. Кирил Лазаров и неговиот Нант на домашен терен го надиграа Шартр со 33:28, во натпревар во кој водеа во текот на сите шеесет минути.

Повеќе...

Лесна и убедлива победа на Нант на гостувањето кај Кретеј

kretej -nant1

Кретеј - Нант 32:36 (9:18)

Поразот од Сант Рафаел е заборавен и Нант пак им се врати на победите во францускиот ракометен шампионат. Екипата која влезе во големата четворка на европскиот ракомет, лесно се справи во Кретеј, победувајќи го на гостински терен со 32:36 (9:18).

Повеќе...

Сант Рафаел го изненади Нант и му ја прекина победничката серија

lazarov so sent rafael

Нант - Сант Рафаел 27:32 (12:16)

Нант ја прекина позитивната серија во последните два месеци помалку неочекувано претрпе пораз на домашен терен во првенството на Франција. Полн плен од теренот на полуфиналистот на Лигата на шамшионите носи Сант Рафаел, кој славаше со 27:32 (12:16). Поразот ќе ги намали шансите на екипата на Ентрериос во битката со Монпелје за второто место, зад неприкосновениот ПСЖ.

Повеќе...

Нант ќе игра против Барса во полуфиналето на Лигата на шампионите

E2OQT38XMAYIu5e

Кирил Лазаров и Нант го дознаа ривалот на денешната жрепка за полуфиналето на Лигата на шампионите. Тие на 12 јуни во „Ланксес Арена" во Келн ќе се сретнат со Барселона, која одново е прв фаворит, а вториот, ПСЖ истиот ден ќе има меч со изненадувањето Алборг.

Повеќе...

Селекторот го објави списокот за двомечот против Србија во јуни

мкф - финска

Селекторот на сениорската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров денес го објави поширокиот список на Б репрезентација за претстојните пријателски натпревари со репрезентацијата на Србија закажани на 19 и 20 јуни 2021 година во Ниш.

Повеќе...