hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Нант го загуби мечот за третото место од ПСЖ

lazarov1

ПСЖ - Нант 31:28 (17:13)

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, и неговиот Нант го освоија четвртото место на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Во битката за бронзениот медал, Нант е поразен од ПСЖ со 31:28 (17:13). Нант подобро го отвори натпреварот и имаше предност од 5:7, но потоа се разбудија „светците" и во финишот со серија од 4:1 на одмор заминаа со предност од 17:13

Во второто полувреме, ПСЖ ја одржуваше предноста од 2-3 гола, а последниот обид на Нант да дојде до пресврт се случиу во последните 10 минути од натпреварот кога токму со голот на Лазаров резултатот беше израмнет на 24:24. ПСЖ возврати со два гола, а потоа и со нови два брзи гола,дојде до предност од 29:25 која ја задржа со крајот.

Кирил Лазаров постигна три гола за Нант каде најефикасен беше Ејмерик Мине со пет погодоци, додека кај ПСЖ , пет гола даде Феран Соле.

Share