Кадетите на Лазаров се пласираа во полуфиналето на ЕХФ-шампионатот
![]()
Maкедонските ракометари до 19 години во второто коло ја совладаа Полска со 30-25 и со овој триумф обезбеди пласман во полуфналето од ЕХФ шампионатот кој се игра во Скопје. Oваа победа носи второ место во групата и го брише поразот од третопласираната Грција.
Ентрериос прозиваше, Лазаров ја почна својата последна сезона како играч
![]()
Нашиот најдобар ракометар, Кирил Лазаров, според предвидениот рок денес се појави на прозивката на Нантт. Новата сезона би требала да биде последна во неговата кариера како играч. Десниот бек ја почнува својата четврта сезона во францускиот ракомет, во кој остави голема трага и двапати играше на завршниот турнир на Лигата на шампионите.
Кадетите запишаа две победи и против Црна Гора во Охрид
![]()
Машката кадетска репрезентација на Македонија славеше и на третиот и четвртиот пријателски натпревар во серија. Избраниците на Кире Лазаров ја совладаа селекцијата на Црна Гора во Охрид најнапред со 41:23, а потоа и со 31:29.
Две победи на македонските кадети против Италија
![]()
Македонската машка кадетска репрезентација забележа две победа во подготвителниот период. Избраниците на Лазаров и Ангеловски ја совладаа Италија во Охрид со 28:21 и 30:29. Шанса добија сите ракометари и максимално ја искористија.
Брендот КЛ7 партнер од доверба на РК Алкалоид
![]()
Ракометниот бренд КЛ7 и РК Алкалоид потпишаа меморандум за соработка. Имено, брендот на нашиот најдобар ракометар и селектор и школите КЛ7 низ Македонија се партнер од доверба на новоформираниот клуб РК Алкалоид.
ЕХФ потврди: Нант на Кирил Лазаров директно во групната фаза на Лига Европа
![]()
Европската ракометна федерација (EХФ) објави листа од единаесет екипи кои ќе бидат дел од групната фаза во Лига Европа 2021/22. Едно од изненадувањата во Лигата на шампионите минатата сезона, француски Нант е сигурен учесник во Лига Европа. Кирил Лазаров и соиграчите со сигурност ќе бидат еден од фаворитите во ова натпреварувања.
Лазаров: Брендот „КЛ7“ ќе функционира уште поквалитетно, на клубот му посакувам само успеси!
![]()
Соопштение до медиумите:
Почитувани,
Во својство на единствен сопственик и идеен творец на брендот „КЛ7", би сакал да ја известам македонската ракометна и спортска јавност дека истиот е во процес на редефинирање на стратегијата за натамошен развој и повеќе не е дел од групацијата „Голден Арт", „Рехау" и др. Во оваа прилика, би сакал да се заблагодарам на клубот за досегашната соработка и да им посакам многу успех и уште многу општествено одговорни проекти во иднина. За натамошна комуникација на сите идни ракометни активности поврзани со брендот „КЛ7" ќе ја користам единствено оваа платформа.
Нант го официјализира договорот со Лазаров за следната сезона
![]()
Капитенот на најдобрата македонска репрезентација потврди дека и во натпреварувачката сезона 2021/22 ќе ги брани боите на францускиот клуб Нант. За официјалниот клупски сајт Лазаров изјави дека следната сезона ќе биде последна во професионалната кариера на Кирил Лазаров кој официјално ќе се пензионира во јуни 2022 година на 42-годишна возраст.
Селекторот Лазаров го скрати списокот за собирот на младинците
![]()
Селекторот на машката младинска репрезентација, Кирил Лазаров го објави список на ракометари повикани за собирот на младинска машка М19 репрезентација за припремите за претстојниот М19 ЕХФ шампионат во Скопје.
Лазаров подготвува автобиографска книга
![]()
Љубителите на спорот во Македонија и регионот ќе добијат наскоро интересна книга за читање во која ќе биде опишан патот до врвот на еден од најдобрите ракометари на 21 век, Кире Лазаров, пишува Балкан Хандбол.




