Лекција од Нант за Монпелје, Лазаров ги „намести нишаните“ за Ф4 во Келн

Нант - Монпелје 36:26 (21:11)
На една недела до почетокот на завршниот турнир на Лигата на шампионите, Нант е во одлична форма, а тоа на своја кожа го почувствува поранешниот двократен европски шампион, Монпелје. Во натпреварот од последното 30. коло од француското првенство, тимот на Кирил Лазаров убедливо го совлада составот на Монпелје со 36:26 (21:11).
Во првите петнаесеттина минути се играше израмнето, но во 17. минута домашниот состав се одлепи на +4 До крајот на првиот дел Лазаров и сограчите доминираа на теренот и на одмор заминаа со високи десет разлика. Ентрериос во продолжението се реши да ги сочува силите за претстојниот завршен турнир во Лигата на шампионите. Но, и покрај тоа Монпелје не успеа да направи ништо повеќе од тоа да се помири со пораз од 36:26.
Кирил Лазаров со четири гола од пет обиди беше меѓу најдобрите стрелци во редовите на Нант. Најпрецизен беше Монар со седум, а Мине запиша пет погодици. И покрај овој триумф Нант остана на третата позиција на табелата зад Монпелје кој пред овој натпревар имаше пет бода предност и беше сигурен на второто место.




