
Србија - Македонија 33:23 (17:11)
Македонија загуби со високи 33:23 (17:11) во вториот тест-меч против Србија во Ниш, каде што селекторот Кирил Лазаров им даде шанса на сите ракометари кои ги имаше на располагање. Вчера, Македонија загуби со 29:26, но денеска, Србите беа порасположени за игра и уште на полувреме имаа шест гола предност.
Домаќините беа далеку порасположени за игра, одиграа поквалитетно на двете страни на теренот во двете полувремиња и со тоа стигнаа до убедлив триумф против „црвено-жолтите".
По овие две контролки селектор Лазаров дефинитивно има појасна слика за тоа кои играчи во иднија би можел да ги вклучи во А селекцијата.