hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Нант го декласира Монпелје во најдобриот натпревар сезонава

nant - monpelje 2

Нант - Монпелје 34:28 (20:11)

Нант влезе во победнички ритам и успеа да го остави зад себе поразот во Рен во првото коло на францускиот шампионат. Во дуелот кој требаше да биде дерби, Монпелје падна во Нант и тоа на полесен начин од предвиденото. Дуелот кој се одигра во прекрасен амбиент заврши со победа на домашните ракометари со 34:28 (20:11). Разликата во квалитет беше евидентна, иако Монпелје оваа година се врати во Лигата на шампионите.

Нант имаше контрола на оваа средба и беше во предност така што немаше поголем проблем околу победата.
На полувреме на семафорот стоеше 20:11 и веќе беше јасно каде ќе завршат бодовите. Во вториот дел Нант рутински ја сочува предноста и извојува сигурна победа од шест разлика.

Лазаров средбата со три гола, кои ги постигна од игра.Ривера и Монар беа најефикасни со по пет гола, а голманот Нилсен имаше 13 интервенции. Кај Монпелје, Бонефо запиша само пет одбрани, додека Бос беше најефикасен со шест гола.

Share