hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Нант со победа во Тулуз се загреа за европското деби

lazarov tuluz - nant

Тулуз - Нант 29:33 (15:19)

Последниот натпревар на Нант пред дебито во Лигата на Европа донесе победа на теренот на Тулуз со 29:33, во рамките од шестото коло на најсилниот француски шампионат. По периодот на променливи игри, тимот на Алберто Ентрериос одигра комплетен натпревар и се загреа за гостување во Финска кај Кокс.

Клучно околу исходот и победникот беше пристапот и одличното прво полувреме, во кое Нант постојано водеше и на одмор замина со предност од +4 (15:19). Вториот дел беше порамноправен, Тулуз се приближи на 22:23, но Нант постигна три гола во серија и го реши прашањето на победникот.

Кирил Лазаров постигна еден погодок, најефикасни во таборот на Ентрериос беа Мин со седум и Ривера со пет постигнати гола.

Вечерва победа запиша и Монпелје, кој го надигра Данкерк со 31:26. По неполни шест кола лидер е ПСЖ, кој утре се среќава со Шамбери, а Нант е петти со три победи, едно реми и два порази.

Share