Лимож го изненанади Нант и му го нанесе првиот домашен пораз сезонава

Нант - Лимож 27:29 (13:14)
Непредвидливоста на францускиот шампионат може да се забележи секое коло, па не може лесно да се предвидат конечните резултати. Во рамките на шестото коло на шампионатот на земјата олимписки првак, Лимож го изненади Нант, победувајќи го на гостински терен со 27:29. Ова е втор пораз за екипата на Алберто Ентрериос во натпревар за бодови, по оној во Рен минатиот месец.
Ниту шеснаесет одбрани на Микаел Робин, кој го менуваше меѓу стативите Емил Нилен, не импомогнаа на ракометарите на Нант да избегнат пораз против словенечкиот ветеран Драган Гајиќ и неговите соиграчи од Лимож.
На полувреме гостите водеа со +1, се играше со многу грешки и пресврти, но ракометарите на Лимпж а не ја испуштија предноста и извојуваа голема победа против една од најдобрите екипи во Европа за минатата сезона. Лазаров постигна три гола на овој натпревар, на кој најефикасни беа Ривера со осум, односно Брие и Мине со по четири погодоци кај домаќините. Кај Лимож, Гајиќ ги предводеше стрелците со осум погодоци.
Нант по овој пораз падна на шестото место на табелата.




