
Денес беше извршена ждрепката за ЕХФ Европската лига, во која настапува француцки Нант на Кирил Лазаров. Како еден од фаворитите тимот на Ентрериос беше носител и доби ривали по мерка. Нант е во група со прваците на Финска и Русија, како и Лемго, ГОГ Гудме и Бенфика. Четири од шест екипи ќе се пласираат во нокаут фазата.
Група А:
Бидасоа Ирун, Винтертур, Татран Прешов, Фуксе Берлин, Висла Плок, Тулуз
Група Б:
Нант, Чеховски Медведи, Кокс, Лемго, ГОГ Гудме, Бенфика
Група Ц:
Магдебург, Савехоф, Горење Велење, Натурхаус Ла Риоха, Екс Прованс, Нексе Нашице
Група Д:
Еурофарм Пелистер, Татабања, АЕК, Спортинг, Ним, Кадетен Шафхаузен
Почетокот на сезоната во Европската лига e закажан за 19 октомври.
