Лудо реми на Екс Прованс и Нант во француското дерби

Екс Прованс - Нант 27:27 (12:11)
Дерби натпреварите во француското првенство ги има секоја недела и носат неверојатна драма. Неколку дена по победата над Монпелје, Нант ремизираше против Екс Прованс, исто така француски претставник во групната фаза на ЕХФ Лига Европа.
Нант се враќа од гостувањето кај Екс Прованс со резултат 27:27, по интензивни 60 минути и неизвесен натпревар.
Двете екипи добија по едно полувреме со гол разлика. Домаќинот на одмор замина со минимални 12:11, но резултатот многупати беше израмнет. Во вториот дел се менуваше водството, но Екс Прованс имаше опција повеќе за победа. Гостинот едвај се спаси од пораз во финишот, благодарение на погодокот на искусниот Валеро Ривера од пенал.
Кирил Лазаров погоди двапати, а најефикасен играч на Нант беше Тибо Брио со шест гола. Првиот стрелец во редовите на домашната екипа, Матје Онг исто така постигна шест погодоци.
Лидерот и актуелен шампион, Пари Сен Жермен убедливо го совлада Сесон Рен со 45:22.




