Нант триумфално се враќа од Русија, супер-партија на Лазаров
![]()
Чеховски Медведи - Нант 31:35 (10:15)
Продолжува позитивниот момент на ракометарите на Нант. Кирил Лазаров и соиграчите славеа на гостувањето кај Чеховски Медведи со 31-35, забележувајќи ја третата победа во групната фаза на ракометната Лига на Европа. Францускиот состав одлично се снајде на гостински терен во Русија и уште на полувреме имаше резултат 10:15, кој ја најави успешната епизода во европското натпреварување за Нант.
Нант пресилен за Шартр, само ПСЖ има подобар старт во шампионатот
![]()
Шартр - Нант 27:33 (14:17)
Продолжува победничката серија на Нант во францускиот шампион и ЕХФ лига Европа. Кирил Лазаров и соиграчите славеа на гостувањето кај Шартр со 27:33. Гостите на полувреме имаа предност од 14:17, а по одморот го засилија темпото, ја зголемија предноста и дојдоа до сигурна победа против тимот кој победуваше на претходните две средби на домашен терен.
Нант го надигра Гудме, Лазаров автор на четири гола
![]()
Нант - ГОГ Гудме 27:24 (11:8)
По поразот од Лемго и победата во Финска, ракометарите на Нант ја запишаа и втората победа во три кола на групната фаза на ЕХФ Лига Европа, прва на домашен терен. Екипата на нашиот Кирил Лазаров ја доби пресметката со ГОГ Гудме од Данска со 27:24.
Лазаров меѓу најдобрите, Нант впиша четврта победа по ред
![]()
Нант - Истр 36:31 (19:15)
Перфектниот ноември за ракометарите на Нант продолжува. По пласманот во полуфиналето на Лига Купот, екипата на Алберто Ентрериос запиша уште една победа во шампионатот и сега ракометарите на Нант избија на второто место на табелата по девет кола, веднаш зад суверениот лидер ПСЖ.
Нант по седум години го враќа Македа, потпиша двегодишен договор
![]()
Нант денес го потврди четвртото засилување за следната сезона, а овој пат се работи за десната бековска позиција. Таму Нант ќе биде сериозно ослабен по заминувањето на македонскиот капитен и селектор, Кирил Лазаров, кој веќе најави дека ја игра последната сезона, а неговиот наследник ќе биде Шпанец.
Нант се чекира на завршниот турнир на Лига Купот на Франција
![]()
Нант - Кретеј 37-29 (17:14)
Четири традиционални француски екипи обезбедија пласман на завршниот турнир на Лига Купот. Екипата на Кирил Лазаров, Нант, запиша значајна домашна победа против Кретеј и го продолжи победничкиот пат во еден од двата француски Купа.
ФОТО: Лазаров се дружеше со фановите на промоцијата на автобиографијата
![]()
Кирил Лазаров само што слета од Каиро се дружеше и потпишуваше автограми на своето автобиографското дело - „Секогаш на победа" во продавницата на Literatura.mk во East Gate Mail. Најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите и рекордер по многу основи во светот на ракометот на хартија ја пренесе својата ракометна и животна приказна во соработка со српскиот новинар Жика Богдановиќ, основач на регионалниот ракометен портал „Balkan-handball". Патувањето од родниот Свети Николe до Нант, каде што ќе ги закачи „патиките на клин" следното лето е опишано на интересен начин со бројни анегдоти и лекции кои ќе бидат водич за новите генерации и потсетник за современиците на голема кариера. Книгата, која љубителите на спортот во Македонија и во целиот регион со нетрпение ја очекуваа, е достапна во сите наши книжарници.
Египет подобар и во вториот тест, Лазаров ги провери сите повикани ракометари
![]()
Египет - Македонија 31:26 (16:13)
Машката ракометна репрезентација на Македонија го загуби и вториот натпревар против Египет на гостувањето во Каиро во рамките на ЕХФ неделата.
Македонија загуби во првиот пријателски натпревар во Каиро
![]()
Египет - Македонија 32:25 (12:10)
Ракометната репрезентација на Македонија попладнево загуби на гостувањето во Каиро со 32:25 (12:10) во првиот од двата натпревари против Египет во рамките на ЕХФ неделата резервирана за меѓународни контролни натпревари. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одржуваа резултатска неизвесност до 42. минута, кога домаќините со серија од 4:0 стекнаа предност од 23:18, која до крајот на натпреварот беше недостижна.
Започна продажбата на автобиографијата „Секогаш на победа“
![]()
Автобиографијата на Кирил Лазаров „Секогаш на победа" по цена од 499 денари можете да ја купите во преку 200 продавници низ Македонија и книжарниците на literatura.mk.




