Супер-финиш на Нант, совладан Истр за четвртфинале на Лига Купот

Истр - Нант 27:33 (16:18)
Нант ја прескокна првата пречка во Лига Купот на Франција и в петок ќе го дознае противникот во четвртфиналето. Фаворитот издвојува тешка победа од 27:33 во Истр, откако во вториот дел го скрши отпорот на ривалот. Екипите се менуваа во водството без поголема предност од два гола на едната или другата страна во текот на целото прво полувреме. На полувреме Нант замина со предност од 16:18, но уште сите „карти беа отворени".
Истр дури спеа и да поведе во 43. минута, но до крајот Нант ја зацврсти одбраната и со серија од голови стигна до победа без особена драма.
Македонскиот капитен и селектор поголемиот дел од натпреварот го мина на клупата за резерви и зад своето име запиша еден погодок.
Шамбери исто така обезбеди четвртфинале, со победата над Сент Рафаел со 26:28, а останатите натпревари од осминафиналето се играат во следните два дена.




