Победа во чест на Хуанин Гарсија
![]()
Барселона - Хуеска 41:21(18:14)
Барселона го доби и 15 домашен натпревар во сезоната во рамките на ASOBAL лигата и два шампионати по ред е без загубен бод на домашен терен. Победата момците на Пасквал му ја посветија на Хуанин Гарсија, кој го одигра последниот домашен натпревар и по 9 години ја напушта Барселона во Final four турнирот во Келн. Против Хуеска голем дел од гледачите во „Палау Блауграна„ и сите ракометари беа облечени во дресот на Хуанин да го поздрават најдобриот стрелец во историјата на ASOBAL лигата.
ФОТО: „Ноу Камп„ со овации за ракометарите, хокеарите и футсал асовите
![]()
На полувремето од натпреварот кој одлучуваше за новиот првак на Шпанија во фудбал, на стадионот „Ноу Камп„ во Барселона 99.000 луѓе ги поздравија спортските секции на Барселона кои во претходните две недели ја збогатија клубската витрина со нови трофеи.
В сабота последен меч во „Палау Блауграна„ за Хуанин Гарсија
![]()
Најдобриот стрелец во историјата на ASOBAL лигата Хуанин Гарсија на крајот од сезоната ќе ја напушти Барселона на крајот од договорот. Легендарното крило и на шпанската репрезентација против в сабота од 20:30 часот во „Палау Блауграна„ против Хуеска ќе го одигра последниот домашен меч во шампионатот. Главна тема на вечерта ќе биде достоинствено и како што доликува да биде испратен каризматичниот Гарсија, кој во кариерата додека го носеше дресот на Барселона освои 27 титули, од кои 5 ASOBAL лиги, 1 Лига на шампиони, 1 IHF Суперглоб и 4 Купа на шпанскиот Крал.
Егзибиција и победа од +16 за старо-новиот првак
![]()
Пуерто Сагунто - Барселона 28:44 (13:22)
Гостувањето кај Пуерто Сагунто на хартија беше едно од најтешките гостувања на Барселона до крајот на ASOBAL лигата. Мечот на македонските интернационалци Димитровски против Лазаров беше посебен мотив за оваа средба. Кога по првите три минути гостите поведоа со 0:4, јасно беше кој е кој во овој меч, како и во целата сезона. Рутенка и Јоан Саубич мотивирано го почнаа мечот, а Бериос Мартос дури во петтиот напад погоди за домаќините (1:4).
Среќен 34 роденден Кирил Лазаров
![]()
Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров денес го слави 34 роденден. Секогаш во мај кога се решаваат дилемите околу трофеите, Лазаров ги дува славеничките свеќи. Овој пат неговиот роденден се совпаѓа со гостувањето на неговата Барселона против Пуерто Сагунто во ASOBAL лигата.
Лазаров во комбинација за уште еден идеален тим
![]()
Европската ракометна федерација ги објави номинациите за идеалниот тим на Лигата на шампионите. За секоја позиција исфрлени се четири номинации, а како и многу често во претходните сезони, македонскиот интернационалец Кирил Лазаров е меѓу четворицата најдобри на позицијата десен бек. Негови противкандидати се Вугринец од Металург, Петерсон од Рајн Ловен Некер и Марко Вујин од Кил. Еве ги комплетните номинации:
Мечот на звездите на 15 јуни во „Кихоте арена„
![]()
Како шлаг на тортата по успешната сезона, звездите на Барселона веројатно ќе бидат главни протагонисти и во ревијалниот меч на звездите на ASOBAL лигата кој на 15 јуни во 13 часот ќе се одигра во Сиудад Реал. Имено по прекрасната идеа на шпанската ракометна федерација, започна гласањето за најдобрите ракометари на секоја позиција поделени во категориите шпански и странски ракометари во најсилната шпанска лига.
Пет од пет во сезоната за Лазаров и Барселона
![]()
Со сигурност ова ќе биде најуспешната сезона во кариерата на Кирил Лазаров. Никогаш претходно немал пет трофеи во една клубска сезона, а постои простор за освојување на уште две. Имено се започна во август и септември минатата година, кога капитенот на македонската репрезентација во Доха го освои IHF Суперглоб со победата над Хамбург, а на шпанската сцена триумфираше во Сарагоза против Натурхаус ла Роха во ASOBAL Суперкупот.
Куп број 16 за Лазаров, титула со петта различна екипа
![]()
Со освоениот национален Куп на Шпанија, бројот на трофеи на Кирил Лазаров порасна до 38, а од нив најмногубројни се токму трофеите од куповите во земјите во кои настапувал, дури 16. Со оваа титула освоена во Памплона, македонскиот ас Купот го освојувал со пет различни екипи: Пелистер, Бадез 1862 Загреб, Фотекс, Сиудад Реал (Атлетико Мадрид) и Барселона.
Офанзивен спектакл и Куп титула за Барса
![]()
Барселона - Грањолерс 42:32 (22:17)
Каталонското финале за титулата во Купот на Кралот беше вистински офанзивен арсенал на модерен ракомет. Со многу подобри и побрзи акции во нападот и ровити одбрани, поискусната Барселона подобро ги исконтролира емоциите. Рутенка по 27 секунди го постигна првиот гол на средбата. Возврати Перез Мартинез со два гола под ногата на Шариќ за 1:2. Лазаров првиот гол го постигна во петтата минута за 3:3.




