
Каталонската ракометна федерација го откажа финалето на Суперкупот помеѓу Барселона и Грањолерс кое требаше да се одигра на 13 мај. Иако терминот беше поместен се очекуваше дека ќе биде пронајде нов, но без образложение вчера стигна веста дека мечот нема да се одигра.
Со тоа Барселона на Кирил Лазаров нема да може да ги одбрани седумте титули на „дрим-тимот„ на Валеро Ривера во сезоната 1999/00. До овој момент Барселона има пет трофеи в џеб: ASOBAL лигата, ASOBAL Купот, Купот на Кралот, ASOBAL Суперкупот и IHF Суперглоб. Овој викенд во Келн, екипата на Пасквал ќе се бори за европската титула.