ВИДЕО: Михајловски: „Барса и Кил ќе играат во финалето„

Во експедицијата која од Скопје патуваше за Келн за петтото издание на ракометниот Final four на Лигата на шампионите се најде и Михајло Михајловски, претседателот на СЕХА лигата. Тој најави дека очекува незаборавен ракометен викенд и има свои нескриени фаворити во полуфиналните мечеви
: „Очекувам голем ракометен спектакл и моја прогноза е дека во финалето ќе играат Барселона и Кил. Мислам дека Барселона сепак ќе го совлада Флензбург, а Кил ќе се справи со Веспрем. Потајно се надевам дека Барселона ќе го освои турнирот заради нашиот Кирил Лазаров. Инаку македонските тимови имаа одлична сезона и со успесите на машките екипи на Металург и Вардар и женската екипа на Вардар. Мислам дека од Европа сега многу посериозно не сваќаат и знаат каков ракомет се игра во Скопје и во Македонија„ ни рече првиот човек на СЕХА. Мала но одбрана група на македонски навивачи и пред се навивачи на најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров.




