Лазаров прв стрелец во Барса во нејзината перфектна сезона

Kако и минатата година во дресот на Атлетико Мадрид, Кирил Лазаров и во својата прва сезона во дресот на Барселона е прв клубски стрелец во екипата која ги сруши сите рекорди. Лазаров ги одигра сите 30 натпревари и постигна 131 гол со одличен процент на реализација од 71%. 57 гола од девет метри, 30 од линијата од шест метри и 32 релизирани седмерци од 37 можни е деталната статистика на нашиот капитен.
Веднаш зад него е Карабатиќ со 123, Рутенка со 121 и Нодесбо со 119 гола. Барселона во сезоната постигна вкупно 1146 гола. Хозе Марија Кариљо од Адемар Леон со 179 гола е прв стрелец на шампионатот. Во Лигата на шампионите, ASOBAL лигата ќе ја претставуваат Барселона и Натурхаус Ла Роха, а во ЕХФ Купот Грањолерс и Адемар Леон. Лигата ја напуштија Ваљадолид и Бидасоа Ирун, а нов член на елитата е Сервигруп Бенидорм.




