hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса против бундеслигашите, традиција долга 30 години

barca - lowen necker

Во сезоната 1973/74 Барселона за прв пат се сретна со екипа од Бундеслигата. Во мечот со Гумерсбах, каталонците загубија со 20:15. Од 25 гостувања на терените во Бундеслигата, Барселона има 5 победи 2 нерешени натпревари. Останатото беа 18 порази со 620 постигнати и 705 примени гола.

Последната победа на Барса датира од сезоната 2010/11, кога Барселона го совлада Кил со 33:36 во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Подоцна во истата сезона каталонците го освоија најсилниот Куп. Во Келн на неутрален терен Барселона три пати играше со екипи од Германија. Со една победа и два порази скорот на Барселона на завршниот турнир е скоро половичен. Во сезоната 2010/11 Барса го доби Ловен Некер со 30:28, а поразена беше во сезоната 2009/10 од Кил со 34:36 и во ланското финале од Хамбург со 29:30.

Share