Комплетиран пресвртот за Келн на Барса и Лазаров
![]()
Барселона - Рајн Ловен Некер 31:24 (15:11)
Во фантастичен амбиент во „Палау Блауграна„ и возвратниот меч како и оној во Манхајм почна со нереализиран седмерец на Рутенка. Но одбраната на Барса делуваше многу помобилно и поцврсто од пред шест дена и на крилата на таа одбрана, домаќините подобро го отворија мечот. Сорондо, Гурбиндо и Рутенка во 6 минута на Барса му донесоа 4:2, доволно да ја загреат домашната публика. Но и Никлас Ландин добро почна и домаќините често беа брзоплети во реализацијата.
Барса има сили и верба во подвиг
![]()
Во Каталонија се е подготвено за натпреварот на годината. На дрим-тимот на Хавиер Пасквал потребен му е подвиг против германскиот Рајн Ловен Некер за пласман на Final four во Келн. Подвиг како оној минатогодишниот кога Барселона го совлада Атлетико Мадрид на Кирил Лазаров со 32:24 и ги надополни мадридските -6. Сега против силната германска екипа потребна е победа од 7 или преку 7 гола разлика.
Ждрепката за полуфиналето во вторник
![]()
Последната овосезонска ждрепка за полуфиналето ќе се одржи во вторник на 29 април од 12 часот во Келн. А скоро во исто време во Берлин ќе се изврши ждрепката за полуфиналето на ЕХФ Купот во Берлин. Во двата купа нема да има повластени тимови и можно е да се сретнат секој со секого.
Лазаров спречи катастрофа на Барса во Манхајм
![]()
Рајн Ловен Некaр - Барселона 38:31 (22:14)
Со тежок пораз од 7 разлика ракометарите на Барселона се враќаат од Германија и им треба подвиг в сабота во „Палау Блауграна„ за место на завршниот турнир во Келн. Во величенствена атмосфера во Манхајм, Барса во своите црвено-жолти дресови го имаше првиот напад. А во него србинот Манојловиќ насилнички отиде на главата на Карабатиќ, но доби само жолт картон. Лазаров по 55 секунди го отвори резултатот во полза на каталонците. Но Уве Генсхајмер со два гола од крилна позиција во 4 минута го донесе првото домашно водство (2:1). Ландин се разбрани и за брзо германците отидоа на 4:1, пред Томас да го исфинтира данскиот голман.
Честит Велигден
![]()
Официјалната веб страна на Кирил Лазаров на сите православни христијани им го честита најголемиот празник - Велигден или Воскресение Христово, најважниот верски празник во православниот календар. Христијанските верници со овој празник го прославуваат воскреснувањето на нивниот бог Исус Христос по неговата смрт со распнување околу 27-33 година н.е.
Традицијата со Рајн Ловен Некер, комплетно израмнета
![]()
Неделниот меч во Манхајм помеѓу Рајн Ловен Некер и Барселона ќе биде четврт меѓусебен дуел. До сега максимална изедначеност со по една победа на двете екипи и еден нерешен резултат. Во сезоната 2010/11 германците славеа во „Палау Блауграна„ со 30:31, во меч од првата групна фаза. На реваншот беше нерешено 38:38, откако домашните имаа 18:10 на полувреме. Подоцна двете екипи ја минаа групната фаза.
Ждрепката за мундијалот во Катар на 20 јуни
![]()
Меѓународната Ракометната федерација ИХФ, објави дека ждрепката за групите на Светското првенство во Катар 2015 година, ќе се одржи во главниот град на оваа земја, Доха на 20 јуни. 24 најдобри репрезентации на светот, ќе се борат за светската круна, овој пат во поинаков амбиент, во лето и со четири групи од прелиминарната фаза кои ќе се одиграат во Доха во радиус од осум километри. Македонија во јуни го игра бараж мечот со Грција за пласман во Катар. Сигурно место на мундијалот имаат:
Барса во Куп полуфиналето против Хелветиа Анаитасума
![]()
Во полуфиналето на Купот на шпанскиот Крал во ракомет во Памплона на 3 и 4 мај, Барселона која ќе се обиде да го врати трофејот во своите витрини ќе се соочи со домашната екипа Хелветиа Анаитасума, а второто полуфинале го сочинуваат Грањолерс и Хуеска.
Барса победува и по славјето за титулата
![]()
Ваљадолид - Барселона 25:35 (10:14)
Против некогаш големиот ривал, а сега екипата од дното на ASOBAL лигата, Ваљадолид, Барселона на Кирил Лазаров го играше првиот меч по математичката потврда на титулата. Мечот на северот на Шпанија претставуваше генерална проба за каталонците за четвртфиналето на Лигата на шампионите против Рајн Ловен Некер. Лазаров по 93 секунди го постигна првиот гол на средбата, па Гонзалез и Андрес одговорија со серија од три гола (3:1).
ВИДЕО: Барса пред предизвикот наречен Рајн Ловен Некер
![]()
Архивирана титулата во ASOBAL лигата, големата Барселона ништо не препушта на случајноста и го подготвува наредниот предизвик. Утре изутрина патува за Ваљадолид, а овој меч со релативно послаб противник ќе им послужи на Лазаров и другарите за добра подготовка за двомечот со Рајн-Ловен Некер во наредните два викенда.




