hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

500.000 евра за победникот на Final four

final4 pokal 2012

ЕХФ објави какви се премиите за освојувањето на петтиот Final four во „Ланксес арената„ во Келн. Победникот севкупно ќе добие половина милион евра, што е највисоката премија од стартот на овој тип на натпревари. 150.000 евра eкстра премија ќе добие екипата која в недела ќе стане шампион на стариот континент. За пласманот во полуфиналето премијата е 40.000 евра, а за финалистите дополнителни 45.000 евра.

Со договорот кој беше потпишан минатата година „Ланксес арената„ ќе биде домаќин на завршната четворка се до 2016 година. Петта година по ред билетите се распродадени веќе месеци пред турнирот. Четврта година по ред Германија има два претставници на Final four, а само во сезоната 2009/10 само Кил ја претставуваше Бундеслига и тогаш го освои турнирот.

Share