
Од дрим-тимот на Барселона на Валеро Ривера трагите се толку силни што на врвот на вечната листа се наоѓаат ракометари од тоа време. Најмногу Куп или Лига на шампионите освоиле Андреј Шчепкин, Давид Баруфет и Хавиер О Калахан, дури по 7 пати. Томи Свенсон, Масип, Ортега и Ињаки Урдагарин освоија по 6 европски круни.
Нив може да ги достигне Сергеј Рутенка кој е во групата со Матео Гаралда, Хозе Хавиер Омбрадос, Микаел Јакимович, Патрик Чавар и Рафаел Гихоса со по 5 европски титули. Ненад Перуничиќ кој во дресот на Магдебург постигна 122 гола во сезоната 2011/02 е недостижен како најдобар стрелец на сезоната во Лигата на шампионите. Зад него се Филип Јиха од Кил со 119 и Уве Генсхајмер од Рајн Ловен Некер со 118 гола.