hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Новиот предизвик на Никола Карабатиќ

nikola karabatic

Дефинитивно преминот во Барселона беше полн погодок за францускиот репрезентативец Никола Карабатиќ. Игра како препороден, силно е мотивиран и овој викенд во Келн за него може да биде историски. Не само што в џеб има пет титули со својот нов клуб, туку стана и европски првак во Данска со триколорите (беше прогласен за МВП) и може заедно со Седрик Сорондо да ги освои сите ракометни титули и на клубска и на репрезентативна сцена во само една година. Карабатиќ има полна витрина со трофеи, европско, светско и олимписко злато со Франција, а два пати бил и европски клубски првак и тоа со две различни екипи.

Најнапред со Монпеље во полемичното полуфинале против Портланд Сан Антонио, а потоа и со Кил во „Ланксес арената„ Ако триумфира во наредните два меча ќе му се приклучи на Сергеј Рутенка кој со три екипи веќе бил шампион на Европа (Пивоварна Цеље, Сиудад Реал и Барселона) на Матео Гаралда (Тека Сантандер, Барселона и Портланд Сан Антонио), Хозе Хавиер Омбрадос (Тека Сантандер, Сиудад Реал, Портланд Сан Антонио) и Микаел Јакимович (СКА Минск, Тека Сантандер и Портланд Сан Антонио).

Share