
Шампионскиот тренер на Барселона Хавиер Пасквал го продолжи договорот со каталонскиот клуб до 2017 година, со што се обврзува и во наредните три сезони да ги предводи актуелните шампиони на Шпанија. Постоечкиот договор Пасквал го врзуваше до јуни 2015, а со новиот двегодишен договор Пасквал ќе може да ја зголеми својата колекција која во овој момент „тежи„ 20 трофеи.
Слично продолжување на договорот доби и Раул Ентрериос кој до летото 2018 година ќе го носи дресот на Барселона. Астурианецот во клубот дојде во сезоната 2010/11 и до сега освои 15 трофеи.