hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Најтешкиот можен испит по мундијалот

Balonmano-Supercopa-de-Catalun 54419654739 54115221152 960 640

Денес, само три дена по финалето на светското првенство, Барселона го игра многу значајниот натпревар од четвртфиналето на Купот на шпанскиот Крал притив Натурхаус Ла Роха. Во „Палау Блауграна„ ќе бидат поздравени тројцата освојувачи на медали: Карабатиќ, Сорондо и Шариќ, а потоа потребна е што е можно повисока предност пред возвратниот натпревар во Логроњо.

За тренерот Пасквал, најголем проблем е што дури 12 професионалци на Барселона учествуваа на мундијалот, а голем дел од нив останаа се до финалниот викенд. Патот, уморот и дефокусираноста може да биде непријател на освојувачот на Купот минатата година. Голем дел од нив пристигнаа во Каталонија во понеделникот навечер и со само еден тренинг ќе се појават во игра. Лазаров мина неколку дена повеќе со клубските другари и нормално ќе биде во тимот. Нашиот ракометар е најефикасниот од ракометарите на Барселона на светското првенство.

Share