hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ВИДЕО: Продолжува љубовта на Лазаров и Барселона - договорот продолжен до 2017 година

pic  GPF2354.v1423736078

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров и Барселона денес го официјализираа продолжувањето на соработката за нови две сезони. Со тоа Лазаров останува дел од најтрофејниот ракометен клуб во Европа и ако го одработи својот втор договор, во Шпанија ќе остане повеќе одколку во Хрватска и Унгарија, каде мина по пет сезони. Одличната минатогодишна сезона во која тој и клубот имаа многу сатисфакции и освоија пет трофеи, беше заокружена со перфектната статистика на македонецот.

potpis

Тој беше прв клубски стрелец и во ASOBAL лигата и во Лигата на шампионите, каде Барса го освои третото место. И во есенскиот дел од тековниот шампионат, Лазаров е „ударна игла„ на каталонскиот тим и тоа не остана незабележано од клубската управа, која дури и му понуди подолг договор од првиот. Лазаров во една и пол сезона во дресот на Барселона, освои 9 трофеи, меѓу кои недостига само најсјајниот - Лигата на шампионите. Десниот бек на Барселона во Шпанија пристигна во 2010 година и во дресот на Сиудад Реал ги издвојува првите победи и ги освои првите трофеи во Шпанија. До овој момент од неговите 42 трофеи, вкупно 16 ги освои во Шпанија (9 со Барселона и 7 со Атлетико Мадрид).

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share