hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Рекорден јануари за официјалната веб страна на Кирил Лазаров

sajt2

Како и секој јануари во последните неколку години, така и овој, официјалната веб страна на Кирил Лазаров собори рекорди по посетеност, следеност и читаност на овој медим. Посебно „фрекфентна„ беше втората половина од месецот, кога македонската ракометна репрезентација предводена од Кирил Лазаров учествуваше на светското првенство во ракомет во Катар.

stat2

Со бројки меѓу 20-30.000 посети дневно и уште повисока активност на социјалните мрежи, овој проект ги надмина претходните од Шпанија 2013 и Данска 2014 година, кога исто така големите натпреварувања ги следевме од лице место со целосно покривање на нашата репрезентација, но и на остатокот од турнирот. Така беше и овој пат.

YouTube

Со преку 300 вести, многубројни занимливости, детална статистика, фото и видео прилози и записи, повторно официјалната веб страна на Кирил Лазаров беше вашиот ракометен портал во овој период од годината. Ви благодариме на довербата и до некоја наредна средба, во која повторно ќе го следиме нашиот најдобар ракометар и националната репрезентација.

Share