hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лесни домашни бодови за Лазаров и Барселона

barca - helvetia

Барселона - Хелветиа Анаитасума 35:25 (15:10)

Во „Палау Блауграна„ гостуваше Хелветиа Анаитасума и беше нова жртва на моќната каталонска машина, која како да се загреваше за клучниот меч за првото место во групата од Лигата на шампионите за време на викендот против Колдинг Копенхаген. Костоја Родригез по половина минута ги доведе гостите во водство. По два нереализирани напади, исланѓанецот Сигурдсон на почетокот на третата минута израмни на 1:1.

Со два гола на Хуан Карлос Алварез, во 8 минута Хелветиа Анаитасума поведе со 2:4 и дефинитивно подобро го отвори мечот. Фаворитот брзо се врати со два гола на Дани Сармиенто и еден на Никола Карабатиќ, па во 13 минута веќе беше 5:5. По лоша прва половина од полувремето, капитенот Виктор Томас со гол од крилна позиција, за прв пат ја доведе Барса во водство во 18 минута (7:6). Од тој момент во игра влезе Лазаров и веднаш погоди, па следеше нов гол на Томас за 9:6 и тајм-аут на гостинската клупа. Брзо потоа македонецот погоди и по втор пат за 11:7 во 22 минута. Следеше реакција од тимот на Хелветиа преку Алварез, а Томас со својот трет погодок во 26 минута зголеми на 13:9. Расположениот капитен со уште два гола од контранапади го заврши првиот дел со солидни 15:10 за актуелниот шампион. Како и многу често во есенскиот дел, по скромното прво полувреме, Барса „нагази„ на почетокот од второто полуврем и со акцијата Лазаров - Томас, брзо зголеми на +6. Нашиот репрезентативец потоа го постигна својот трет гол за 17:11 и подели уште две асистенции за голови на Раул Ентрериос и Виктор Томас.

Гостите останаа без решение, а Карабатиќ со својот трет гол ја донесе највисоката предност од 22:14 за каталонците на Пасквал. Прашање на време беше кога предноста ќе стане двоцифрена и во 42 минута, Рутенка реализираше од транзиција за 26:16. Кога белорусинот погоди во следниот напад, гостинскиот тренер го смени голманот Капон, на местото на Грегор Лоргер при 27:17. Кога победникот веќе беше решен, Хавиер Пасквал им даде доверба на Саубич и Арињо и двата успеаа да се запишат меѓу стрелците. Надовеза возврати за гостите од Навара, а Шариќ по одличното второ полувреме, се почесто капитулираше во завршницата.

На крајот финални 35:25 и победа број 17 за актуелниот првак. Во победничката екипа најефикасни беа Томас и Рутенка со по 8 гола, Лазаров даде 4, а Шариќ имаше 22 одбрани. Кај Хелветиа Анаитасума, најефикасен беше Алварез со 6 гола, Костоја Родригез и Монтеиро дадоа по 5, а Божидар Надовеза 4 гола. За време на викендот во Каталонија гостува една од двете европски екипи која Барса не ги совлада минатата есен - данскиот првак Колдинг Копенхаген.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share