Обрван: „Вие направете анализа, од шест меча, добивме четири„
![]()
Ивица Обрван го призна поразот на официјалната прес-конференција и истакна дека овој мундијал е сепак позитивен, но за детали и анализи потребен е попогоден момент. Тој рече дека Македонија не бираше противник и дека налета на една расположена и денес подобра Словенија:
Македонија со пласман од 9 до 16 место
![]()
По 11 место во Хрватска кога мундијалот се играше по друг систем на натпреварувања, со две групни фази и со разигрувања за пласман и по 13 место во Шпанија пред две години, кога исто така испаднавме во осминафиналето, ова веројатно ќе биде блиску до нашиот најдобар пласман во историјата на мундијалите.
ВИДЕО: Стоилов: „Исклучувањето на Миркуловски не пресече„
![]()
Иако беше автор на 5 гола од 6 обиди, изнуди уште неколку седмерци и исклучувања и мораше да игра и одбрана, Стојанче Стоилов знае дека целта не е остварена, а смета дека можеби клучниот момент беше црвениот картон на организаторот на нашата игра Филип Миркуловски:
ВИДЕО: Миркуловски: „Можеби е време да менуваме генерација„
![]()
Еден од нашите најдобро оценети ракометари на целиот турнир, Филип Миркуловски со многу тага која беше видлива и во гласот и на лицето, отиде подалеку од поразот и најави дека треба да се размислува за смена на генерации и за освежување на националниот тим. Веројатно идеална шанса за тоа ќе биде по европското првенство во Полска, кое сме на добар пат да го избориме:
ВИДЕО: Јоноски: „Шкоф не уништи, наместо мрежата ги годевме стативите„
![]()
По поразот од Словенија на удар беше одбраната која прими 30 гола, а планот беше да се спуштат словенците до 22-24 гола и по можност да не се брка резултатот, туку како во Белград да се направи противникот нервозен. Но планот не успеа, а Јоноски ја превзема одговорноста, иако смета дека витештвото не изостана. Горазд Шкоф и неговите клучни интервенции исто така имаа голем удел во нашиот неуспешен обид за пресврт:
ВИДЕО: Лазаров: „Најлесно е да се предадеме, сеуште можеме во Рио„
![]()
Капитенски Кирил Лазаров се обиде да ја подигне групата, која беше разочарана по поразот и елиминацијата и порача дека не смееме да се предадеме и мора да продолжиме да го „бркаме„ сонот кој се вика - Олимпијада. Тој не навлезе во детални анализи, тоа го остави кога главите ќе се оладат, но констатира дека погубно е да се брка резултатот во вакви мечеви, кога психолошкиот ефект е многу поголем, одколку во нормален натпревар во група:
Словенија го уништи нашиот четвртфинален сон
![]()
Осминафинале
Словенија - Македонија 30:28 (16:15)
Со повеќе наши навивачи на трибините, Македонија тргна по победа над словенците и четвртфинале. По убавата комбинација на Миркуловски и Никола Марковски брзо поведовме, но Доленец за 3 секунди возврати со типичен словенски гол (1:1). По само 102 секунди, Манасков беше исклучен и со вториот гол на Доленец, нашиот противник прв пат поведе. Капитенот Лазаров од 10 метри го постигна својот прв гол за 3:3 во 7 минута.
Дениќ: „Еве ви ја Словенија која ја сакавте, ќе играте бавно и не можете да го сопрете Зорман„
![]()
Како да се чувствува нервоза во словенечкиот табор пред мечот со Македонија. Селекторот Борис Дениќ делуваше арогантно пред македонските новинари во оној простор, кога последниот словенечки тренинг беше отворен. Тој однапред се постави во улога на жртва и најави дека момците на Обрван ќе играа максимално бавно:
Македонија - Словенија ќе ја судат литвански судии
![]()
На шест и пол часа пред мечот во кој влог е четвртфинале на светско првенство, организаторот ги одреди судиите и официјалните лица за нашиот и за останатите денешни три осминафинални меча. Така литванците Миндаугас Гателис и Ваидас Мазеика ќе ја делат правдата на мечот со Словенија. Ова е второ нивно делегирање на ова првенство на меч на Македонија, откако го водеа мечот од третото коло во Б групата со БиХ, кој успеавме да го добиеме.
Дениќ го пријави Цехте место Бомбач
![]()
Како и што очекувавме и како што најави вчера нашиот селектор Ивица Обрван, Клемен Цехте е вметнат во тимот на Словенија за денешниот меч со Македонија. Борис Дениќ направи замена во својот тим и опоравениот лев бек ќе добие шанса пред Деан Бомбач. Цехте нема ритам на натпревари на овој шампионат, но има неспорен квалитет и е еден од ретките шутери во тимот на Словенија.




