hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров, седми ракометар на мундијалот во Катар според ЕХФ

0 WN-barcelona tunis-lazarov kiril-01-photo-uros  hocevar-ihf

Според официјалната веб страна на ЕХФ, капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров е седми најдобар ракометар на неодамна завршеното Светско првенство во Катар. ЕХФ го прогласи нашиот капитен за седми најдобар ракометар во Катар во конкуренција на ракометарите кои настапуваат во Лигата на шампионите.

Со тоа најдобриот македонски ракометар се најде пред Данецот Микел Хансен кој е на осмата позиција, како и пред Швеѓанецот Тобијас Карлсон кој се најде на десетото место.

„Со 45 постигнати погодоци на шест натпревари, Лазаров уште еднаш докажа дека е од големо значење за македонската репрезентација. Покрај многуте постигнати голови, десниот бек на Барселона секогаш отвораше простор за своите соиграчи со тоа што на себе привлекуваше дури и по двајца противници. Во групната фаза беше одличен, но за жал промаши доста шутеви во осмина-финалето против Словенија што значеше елиминација на Македонија и крај на неговата голгетерска серија", стои на официјалниот сајт на ЕХФ. Иако играшетри натпревари помалку од останатите, македонецот има одлична статистика, заокружена со 7 гола и 8 асистенци на последниот меч со Словенија, по кој Македонија беше елиминирана.

Share