hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

И во ASOBAL лигата, рутинска победа на Барса

LAZAROV Kiril  RB-FC Barcelona ESP vs Al-Sadd Sports Club QAT  140907 KAV0040 xlarge

Арагон - Барселона 27:35 (15:17)

На гостувањето во Сарагоза, првакот го имаше првиот меч во пролетниот дел од ASOBAL лигата. Барселона брзо поведе со 0:3 со два гола на Рутенка и еден на капитенот Виктор Томас. Арињо и Делгадо ја донесоа реакцијата на екипата на Арагон и домаќинот се доближи до 5:6 во 12 минута. Тој ритам на изедначена игра и на менување на водствата, преовладуваше во текот на целото прво полувреме. Алваро Дел Вале Наваса во 18 минута израмни на 8:8 и им даде дополнителна самодоверба на ракометарите на домашниот Арагон.

Криза ја зафати Барса и во играта во одбрана и во нападот и Вал со гол од линијата и Лозано со два во серија го комплетираше пресвртот во 23 минута за 12:10. На четири минути до одморот Кирил Лазаров погоди за 13:13, а во последните неколку минути од првиот дел токму тој беше инспираторот на новиот пресврт. Најнапред погоди за 14:16, а потоа му подготви шанса на Томас за гол за 16 секунди пред одморот за 15:17 на полувреме. И на почетокот на вториот дел по само 28 секунди, Лазаров реализираше и го започна процесот на одлепување на каталонците.

Благодарение на Гонзало и одбраната, Јоан Саубич фати две контри и постигна два гола за 15:20 во 33 минута. Колку само малку му треба на Барселона, еден израмнет натпревар да го направи убедлив во своја полза. Гудјон Валур Сигурдсон од позиција на лево крило погоди за 17:24 и највисоки +7 во 38 минута. Само Алберто Вал и Деметрио Лозано во првите 10 минути од вториот дел колку-толку им парираа на гостите, кои суверено го приведуваа мечот кон крај, во потрага по 16 победа во ASOBAL лигата.

Од тој момент предноста растеше и со многу рутина, момците на Пасквал ја зголемуваа до самиот крај. Саубич погоди најмногу контри и во 53 минута Барса поведе со 24:31. Со таква игра гол за гол, на крајот Барселона славеше со 27:35 и со сличен настап како во средата во Купот на Кралот против Натурхаус Ла Роха, стигна до триумф, кој го доближува тимот до најважниот меч во февруари - наредната сабота со Колдинг. Кај Барселона Лазаров постигна 5 гола, максимално ја искористи минутажата и одлично ги разигруваше соиграчите. И без Карабатиќ, Барселона функционираше како што треба, Саубич беше стрелец на 7 гола, Сармиенто даде 5 без промашување, а Рутенка беше автор на 4 гола. Кај Арагон ветеранот Деметрио Лозано со 10 гола беше најсветлата точка, но илузорно беше да се очекува подвиг против шампионот. Во вторник во „Палау Блауграна„ гостува Хелветиа Анаитасума во мечот од 17 коло на ASOBAL лигата, а наредниот викенд се враќа Лигата на шампионите и мечот со Колдинг, исто така во Барселона.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share