
Евидентно беше дека ракометарите на Барселона доминираа на мундијалот во Катар и голем дел од нив ја остварија целта и влегоа во нокаут фазата. Двајца од нив, французите Седрик Сорондо и Никола Карабатиќ во неделата станаа светски прваци по победата на Франција над Катар од 26:22.
Сорондо е првиот ракометар на Барселона кој станал два пати светски првак, по златото од Малме во 2011 година. Со овие две злата, вкупно 28 злата освоиле ракометарите на Барселона во историјата на светските првенства. Најголем дел од златните медали ги освојувале шпанските репрезентативци, но меѓу златните се и француските интернационалци, Златан Арнаутовиќ со поранешна Југославија и Томас Свенсон со Шведска.