hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Победа од 18 разлика за Барса кај Пуерто Сагунто

kire so puerto sagunto

Пуерто Сагунто - Барселона 27:45 (11:20)

Шести меч и шеста победа на шампионот Барселона во шпанската ASOBAL лига. На гостувањето кај Пуерто Сагунто, Кирил Лазаров и другарите славеа со 18 разлика и се зацврстија на врвот на табелата. Шариќ добро го отвори мечот на гостинскиот гол, а Сигурдсон и Карабатиќ ја донесоа првата предност на гостите (1:2). Лазаров својот прв гол го постигна во 8 минута за 3:5 за Барселона.

Повеќе...

„Лазарови„ стартуваа со победа во пионерската лига

rk lazarovi

Пионерската школа „Лазарови„ која со години опстојува во Свети Николе благодарение на Кирил Лазаров со убедлива победа од 17:24 ја почна новата сезона 2014/15. Младите момчиња кои свои идоли гледаат во Кире и Филип Лазарови оваа сезона се натпреваруваат во пионерската лига. За разлика од минатата година кога пријавена беше кадетска екипа, оваа сезона направена е селекција помеѓу 30-40 момчиња кои ја сочинуваат пионерската екипа и сонуваат еден ден да бидат како нашите најпознати ракометари.

Повеќе...

Лазаров „прва виолина„ во тешката победа на Барса против Висла

kire ls

Барселона - ОРЛЕН Висла плок 30:25 (13:12)

Европското деби на домашен терен ракометарите на Барселона го имаа во „Палау Блауграна„ против полскиот вицешампион ОРЛЕН Висла Плок без повредениот капитен Томас и казнетиот Сергеј Рутенка. Нодесбо го отвори резултатот, а голманот Гонзало ги „прочита„ првите удари на Зеленовиќ. По неколку одбрани на полските голмани, а и Вихари му одбрани седмерец на Сигурдсон, данецот Нодесбо со гол од контра израмни на 2:2. Следеа два брзи гола на романецот Валентин Јонеа за 2:4 во 10 минута.

Повеќе...

Лазаров: „Седумката ја носам заради Тони Кукоч„

5574 52de42e6c78

Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров одговори на седумте прашања на порталот www.handball-profile.com и откри некои детали од неговите почетоци и растот на кариерата.

Повеќе...

Против Висла Плок без Сергеј Рутенка

rutenka 1

В недела в пладневниот меч со полскиот вицешампион, Барселона ќе биде без еден свој стандарден член. Барселона ќе биде ослабена откако ЕХФ реши да го казни Сергеј Рутенка со суспензија од еден натпревар неиграње во елитното европско натпреварување.

Повеќе...

Егзибиција и нова домашна победа за Барселона

barca so ciudad encatntada

Барселона - Сиудад Енкантада 42:22 (25:8)

Во меч на апсолутна супериорност, ракометарите на Барселона ја совлада Сиудад Енкантада со 20 гола разлика. Младиот Алекс Гомез дебитираше за каталонците и се запиша меѓу стрелеците, а повредените ракометари и натаму ги лечат повредите пред посилните октомвриски тестови. Барса почна одлично и започна со предност од 5:1 во 6 минута, благодарение на двата гола на Жалуз и еден на Јоан Саубич.

Повеќе...

Шпанскиот првак подобар од шведскиот во европското деби

alingsas

Алингсас - Барселона 28:38 (16:21)

Ракометарите на Барселона со победа во Шведска ја почнаа новата сезона во Лигата на шампионите. Во меч полн со голови, Лазаров и другарите го совладаа Алингсас со 28:38 со доминација во текот на сите 60 минути. Само во првите 10 минути се играше израмнето, благодарение на брзината на швеѓаните. Теландрем и Енстрам беа инспиратори на добриот почеток на скандинавците (3:3).

Повеќе...

Лазаров ја почнува својата 19 Лига на шампиони

KIRE-LAZAROV-NA-ZAGREVANJE-615x400

Од сезоната 1994/95 година, кога дебитираше во дресот на Борец како младо момче на натпреварите со Динамо Букурешт и Елгоријага Бидасоа, Лигата на шампионите е вообичаен сопатник за Кирил Лазаров. Секоја година со исклучок на сезоната 1997/98, кога со Пелистер настапуваше во ЕХФ Купот, капитенот на нашата ракометна репрезентација е рекордер по бројот на голови, а се ближи и до вечните рекорди по бројот на одиграни натпревари во најсилниот куп.

Повеќе...

Барса мина и во Кангас и со максимални победи патува во Шведска

cangas - barca

Фригорификос Моразо - Барселона 28:35 (14:22)

На гостувањето во Кангас ракометарите на Барселона го имаа последниот тест пред европското деби в недела во Шведска. Каталонците одлично влегоа во мечот и со головите на Нодесбо и Карабатиќ поведоа со 3:5 во 8 минута. Шариќ лошо го почна мечот, но ништо подобар не беше ни Мијушковиќ. Потоа се разигра Сигурдсон и постигна два последователни гола во 12 минута и веќе беше 5:9. Комбинаторната игра најмногу му годеше на Нодесбо кој ги собираше додавањата од надворешните ракометари и погодуваше од линијата.

Повеќе...

Лазаров, Сигурдсон и Томас со перфектен старт на сезоната

1937492 780636658666463 7452518769831993356 n

Официјалната веб страница на Барселона направи анализа на првиот дел од сезоната во кој Барса освои три трофеи и со три победи ја отвори новата ASOBAL лига. Нашиот ракометар Кирил Лазаров е најдобар стрелец во 11 официјални натпревари кои зад себе ги остави шпанскиот првак. Тој постигна 59 гола, од кои 23 на IHF Суперглоб, по 18 во двата Суперкупа и 18 во првите три натпревари од домашното првенство.

Повеќе...